Русија остана без уште три олимписки медали

На руските атлетичарки Татјана Лебедева и Марина Абакумова поради допинг, одземени им се три сребрени медали од Олимписките игри во 2008 година во Пекинг.

Претходната одлука стана официјална откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ги одби нивните жалби.

ЦАС со тоа ја потврди одлуката на Меѓународниот олимписки комитет од 2016 година за дисквалификација на Лебедева и на Абакумова како и на нивната сонародничка велосипедистката Екатерина Гниденко.

Тие се казнети бидејќи и на повторените тестирања во нивните примероци од ОИ 2008 е пронајден анаболички стероид туринабол.

Лебедева на ОИ во Пекинг го освои сребрениот медал во скок во далечина и во трискок, а Абакумова беше олимписка шампионка во фрчање копје.

Гниденко на ОИ 2012 во Лондон заврши на осмото место.

Сите три руски репрезентативки во мај годинава беа на сослушување во Лозана и не успеаја да докажат дека методите на антидопинг тестирањата не биле научно валидни, се наведува во соопштението од ЦАС.

Се вчитува...