Русија подобра од САД во одбојкарскиот мега дуел

Одбојкарската репрезентација на Русија славеше во класикот против Соединетите американски држави со 3-1 по сетови 25-23, 27-25, 21-25 и 25-23 во 2. коло од олимпискиот турнир во Токио.

Американците беа подобри само во третиот сет, а колку беше неизвесен мечот покажува фактот што сите три сета Русите ги добија со два поени разлика.

Во вториот завршен меч од денешната програма Иран со максимални 3-0 (25-17, 25-20 и 25-18). славеше над Венецуела.

Се вчитува...