Русија со реакција по одземањето на финалето во ЛШ: „Спортот мора да остане надвор од политиката“

Министерството за спорт на Русија, со прва реакција по одземеното финале во Лигата на шампионите на Санкт Петербург по случувањата во Украина. Од министерството изразија жалење што дошло до мешање на политика со спорт.

„Министерството за спорт на Руската федерација жали за одлуката на УЕФА да го премести финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург. Русија отсекогаш била и останува гарант на своите обврски за одржување на мали и големи спортски настани, вклучувајќи ги и фудбалските од највисоко ниво. Нашиот став останува непроменет – спортот треба да остане надвор од политиката и да не биде средство за манипулација и кршење на нечии интереси“, се вели во соопштението на министерството.

Финалето наместо во Санкт Петербург, ќе се одигра во Париз на 28. мај.

Се вчитува...