Русија тргна победнички на Купот на Конфедерации

Селекцијата на Русија успешно го стартуваше настапот како домаќин на Купот на Конфедерации, славејќи на премиерниот дуел против Нов Зеланд со 2-0. Триумфот е апсолутно заслужен, со оглед на руската доминација во поголемиот дел од натпреварот.

Домаќините првпат се заканија во 10. минута, но обидот на Васин заврши само во дирекот од голот на противникот. Доминацијата продолжи и на крајот се исплатеше во 31. минута, откако Глушаков се најде осамен зад противничката одбрана, неговиот удар се одби од дирекот, по што противничкиот дефанзивец Боксал ја сместиво мрежата.

Сите дилеми околу победникот беа разрешени во 69. минута, кога Смолов рутински ја претвори во гол прекрасната акција, за почетни три бода на Русија на ова натпреварување. Утре во вториот натпревар од оваа група Португалија ќе се сретне со Мексико.

1-0 Michael Boxall Own Goal Goal – Russia vs… by GSBN

Fedor Smolov Goal HD – Russia 2-0 New Zealand… by baxala

Се вчитува...