Младата руска тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Ролан Гарос, запишувајќи голем успех со убедлива победа над Украинката Марта Костјук.
Андреева ја победи Костјукова со 2-0 во сетови 6-1, 6-3 и тоа за еден час и 17 минути игра.
Андреева е осма во светот, додека Костјук е 15-та на ВТА листата.
Ова беше трет дуел помеѓу руската и украинската тенисерка, а прв триумф на Андреева. Беше исклучително напнат натпревар, најмногу поради војната меѓу Украина и Русија и напнатата политичка ситуација.
Во финалето, сабота од 15 часот, таа ќе се бори со подобрата од дуелот Шнајдер – Чвалинска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
