Русинката Касаткина стигна до првата титула во кариерата

Руската тенисерка Дарја Касаткина ја освои својата прва титула во кариерата, откако триумфира на турнирот во Чарлстон. Таа во финалето ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 2-0 во сетови.

Касаткина беше доминантна и на ривалката и препушти само четири гема, победувајќи со 6-3, 6-1, за само 67 минути. Претходно таа ги победи и Данка Ковиниќ, Моника Пуиг, Дарја Гаврилова, Ирина Бегу и Лауза Зигемунд, стигнувајќи уверливо до финалниот дуел.

Се вчитува...