Русинката ужива во пензија – Марија го покажа вереничкиот прстен од два и пол милиони

Паранешната руска тенисерка Марија Шарапова ужива во врска со англискиот милионер Александар Гликс, а тие се свршени нешто повеќе од еден месец. На своијалните мрежи може да се види како двојката постојано објавува фотографии од нивните заеднички патувања и дружења, а на бројни начини ја негуваат и искажуваат својата љубов.

Русинката на Инстаграм се пофали со прстенот што го доби од својот вереник, а британските медиуми веднаш утврдија дека станува збор за многу скапо парче накит.

Дизајниран е од Џесика МекКормак и вреди 300 000 фунти, што е нешто повеќе од два и пол милиони. Да потсетиме, Шарапова ја заврши својата тениска кариера минатата година и сега ужива во пензија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Се вчитува...