Рускиот тенисер Карен Хачанов е првиот финалист на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Хачанов во полуфиналниот меч беше подобар од Шпанецот, Пабло Карено Буста со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.
Во првиот сет Русинот два пати успеваше да стигне до брејк, додека во вториот доволно му беше само еднаш да го земе сервисот на противникот за да стигне до најголемиот успех во кариерата.
Хачанов во финалето го чека подобриот од мечот меѓу првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ и Германецот Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА