Русинот си оди од Вардар и се враќа дома

Дмитри Кисељев им се приклучи на ракометарите кои си обезбедија трансфер од Вардар, откако рускиот репрезентативец постигна договор со Чеховски медведи.

Како опција десниот бек имаше и понуда од Брест Мешков, но тој на крајот ја избра опцијата за враќање во татковината, откако не ги оправда очекувањата во таборот на Вардар и остана во целосна сенка на Даинис Криштопанс.

Со оглед на фактот дека Криштопанс исто така се сели во ПСЖ, јасно е дека „вардарци“ во текот на летото ќе треба да пронајдат двајца ракометари на позицијата десен бек.

Се вчитува...