Русите го „шутнаа“ Мартин: Сега нека си го гледа семејството

Селекторот Амброс Мартин ќе го плати цехот за фијаското на Русија на синоќешниот дуел со Данска, пораз по кој „зборнаја“ не успеа да се пласира во полуфиналето од ЕП 2020 за ракомет за жени. Русија и без неколку клучни играчи прикажуваше одлични настапи се до дуелот со Данките, но челниците на федерацијата сепак се решија експресно да го отпуштат Мартин, без оглед на фактот дека оваа селекција треба да игра уште едден меч на шампионатот, дуелот за петтото место.

Како „грев“ на шпанскиот стратег му се зема изјавата дадена пред неколку дена, во која обелодени дека сака поголемо внимание во иднина да посвети на своето семејство.

„Амброс Мартин ќе си поднесе оставка. Во последното интервју кажа дека е фокусиран на две екипи, едната е руската репрезентација, втората – неговото семејство. Сега веќе го информиравме декаа може целосно да се посвети на втората екипа. Нека си ги расте синовите и нека биде среќен“, бесен беше првиот човек на Ракометната Федерација на Русија, Сергеј Шишкарев.

Воедно, Шишкарев напомена дека на клупата на руската репрезентација нема да се врати легендарниот Евгениј Трефилов, поради здравствените проблеми со кои се соочува овој прославен руски стратег.

Се вчитува...