Русија ќе биде значително засилена за утрешниот дуел Македонија, откако селекторот Базаревич доби на располагање уште еден евролигашки кошаркар. Откако утрово беше обелоденето дека за Русија ќе настапи Владислав Трушкин од Зенит, вечерва зелено светло од својот клуб доби и Џоел Боломбој.
Станува збор за кошаркар кој одлично се снаоѓа во рекетот и кој сигурно ќе добие значителна минутажа во таборот на „зборнаја“ против нашиот национален тим.
Јасно е дека по убедливиот пораз во Италија, во таборот на Русија ништо не се остава на случајноста, па домаќините ќе настојуваат да стигнат до што поубедлив триумф на утрешниот натпревар против Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА