Русите веќе нема да ги гледаат Меси, Нејмар, Мбапе

Раководството на француската Лига 1 се одлучи да ги забрани натпреварите во домашниот шампионат во Русија, како уште една од низата санкции кон оваа земја.

Причината за оваа одлука е инвазијата која руската федерација кон Украина и војната во земјата која трае веќе подолго од една недела.

„Професионалната фудбалска лига на Франција одлучи да го суспендира договорот за пренос на натпреварите од француското првенство во Русија“, стои во оопштението.

Тоа значи дека гледачите во Русија нема да може да ги гледаат дел од своите идоли како Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар, а единствена шанса за тоа ќе биде Лигата на шампионите која се уште не донела ваков драстичен потег.

Се вчитува...