Русите за жалат за одлуката на ФИФА и УЕФА – бараат враќање во меѓународните натпреварувања

Нападот на Русија врз Украина не помина без последици во спортот каде Русите и руските клубови добија забрана за настап во најголемиот број натпреварувања од фудбалот, преку кошарката и ракометот па се до Формула 1. Сепак руските федерации нема да стојат настрана и веќе дејствуваа со жалба за овие одлуки.

Имено, Руската фудбалска федерација искочи со соопштение во кое вели дека ќе се жали на Спортскиот арбитражен суд за одлуките на ФИФА и УЕФА бидејќи за истите нема правни основи.

„Руската фудбалска федерација со тужба ќе бара враќање на сите машки и женски репрезентации на Русија во сите натпреварувања во кои учествувавме (вклучувајќи ги и квалификациите за Светското првенство во Катар), како и компензација на направената штета. Одлуката нашата репрезентација да се исфрли од квалификациите за СП е донесена под притисок од директните конкуренти во разигрувањето со што се прекршени начелата на спортот и сите правила на фер-плеј. ФИФА и УЕФА воошто не земаа во предвид други одлуки од оние кои ги донесоа“, стои во соопштението.

Се вчитува...