Руска доминација на машкиот скијатлон на ЗОИ во Пекинг

Русите стигнаа до еден-два победа во првата дисциплина во машка конкуренција во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Во скијатлон златото му припадна на Александер Болшунов кој патеката долга 30 километри (15км. класично и 15км. слободно) ја помина за време од 1:16:09 час.

Среброто му припадна на вториот Русин, Денис Спитсов кој доцнеше 1:11 минута зад времето на победникот. Со бронзата се закити Финецот, Иво Нисканен кој заостануваше 2:00 минути зад времето на победникот.

За 25 годишниот Русин ова е прв златен медал од Зимските олимписки игри, откако претходно се закити со три сребра и една бронза.

Се вчитува...