Руска „провокација“ за Барселона, навивачите ова не го очекуваа (ВИДЕО)

Барселона после две децении ќе игра во Лигата на Европа откако во групната фаза во ЛШ испадна во група со Бенфика и Баерн. „Каталонците“ денеска ќе играат против Наполи во рамките од ова натпреварување, а долго време Барса е предмет на исмејување на социјалните мрежи поради настапот во второто по ранг европско натпреварување.

Последната провокација е од шпанскиот Твитер профил на Зенит. Таму е прикажан еден навивач на Барселона како на видео игра сака да игра во Лигата на шампионите, но набрзо програмата се префрли на Лигата на Европа, а тоа го користи навивач на Зенит. Токму рускиот тим е вклучен меѓу фаворитите за освојување на пехарот, заедно со Барселона. Зенит, пак, вечерва ќе игра со Бетис.

Ова не им се допадна на навивачите на Барселона, а дел од нив жестоко реагираа на оваа руска „провокација“ на социјалните мрежи.

Се вчитува...