„Руски бомбардер“ го менува Карачиќ во Вардар

Вардар е активен на ракометната берза, настојувајќи што поскоро да ги замени ракометарите кои летово го напуштија актуелниот европски првак. Летонецот Кугис Артурс е замената за Дејан Милосављев на голот на „црвено-црните“, а во текот на денешниот ден беше договорено и доаѓањето на играчот кој ќе биде наследник на Игор Карачиќ во бековската линија на „вардарци“.

Станува збор за добро познато лице за македонската ракометна јавност – поранешниот ракометар на Металург, Павел Атман. Русинот последните две сезони ги мина во дресот на Хановер, а веќе извесно време се шпекулираше со негово враќање во Македонија. Бенфика исто така покажа сериозен интерес за да го доведе Атман, но успехот на Вардар на Ф4 турнирот во Келн го врати македонскиот тим на чело во оваа трка.

Атман денеска и официјално го раскина договорот со Хановер, по што веднаш беa финализирани и последните детали од неговиот трансфер во таборот на „црвено-црните“. Станува збор за двогодишен договор што би требало да биде официјализиран до крајот на оваа седмица, по што „вардарци“ ќе се насочат кон комплетирање на преостанатите планирани засилувања.

Едно од нив е и македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски, кој пристигнува од Металург и ќе му биде резерва на Тимур Дибиров на позицијата лево крило.

Се вчитува...