Руските клубови поднесоа жалби до Лозана за исклучувањето од Европа во следната сезона

Руските клубови кои следната сезона требаше да играат во европските купови поднесоа жалби до спортскиот суд во Лозана поради тоа што беа исклучени од УЕФА да се натпреваруваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Најмногу погоден ќе биде Зенит, кој како шампион требаше да се натпреварува во Лигата на шампионите, и ќе претрпи многу загуби од финансиска природа.

„Зенит поднесе жалба до Спортскиот суд во Лозана. Ја обжалуваме одлуката на УЕФА да ги суспендира руските клубови од европските купови следната сезона 2022/23. Зенит отсекогаш бил воден од принципите на мисијата на УЕФА што е наведено во Повелбата на организацијата, која се повикува на духот на меѓусебно почитување, разбирање и фер игра да се исклучи дискриминацијата врз основа на политичка, верска и друга основа. Заедно со другите руски клубови го изразуваме својот заеднички став во однос со постапките на УЕФА, и бараме забрзано да бидат разгледани нашите жалби“, се вели во соопштението на Зенит.

Се вчитува...