Руските прволигаши на мака, во елитата влезе СКА Кабаровск

На руските фудбалски премиерлигаши им се случи она што најмалку го посакуваа. Во елитната лига влезе „азискиот“ СКА од Кабаровск, градот што се наоѓа на границата со Кина, од Москва оддалечен околу 8.000 километри, од Санкт Петербург точно 8.850 км. Со авион тоа е околу девет часа лет. Со автомобил за тоа се потребни три дена!

Со оглед на оддалеченост на новиот прволигаш, на најдобрите руски клубови секое гостување во Кабаровск ќе им биде вистинска авантура.

СКА Кабаровск до сензационалниот прв пласман во најсилната руска лига во историјата на клубот дојдоа по изведувањето на пенали во баражот против прволигашот Глазовик Оренбург.

dalecina

Ова не е прв пат еден клуб од Азија да избори пласман во руската прва лига. Луч Енергија од Владивосток за кој во тој период настапуваше и македонскиот интернационалец, Игор Кралевски, играше во најелитниот ранг од 2006 до 2008. Владивосток се наоѓа на границата со Јапонија и тогаш Русите жестоко се бунеа против азиските клубови.

„Тие би требало да играат во јапонската лига“ – порача тогаш Игор Акафеев од ЦСКА Москва, откако неговиот тим после седумчасовниот лет беше разбиен во Владивосток со 4-0.

Веќе подолго време постои предлог руските лиги да се поделат на Источна и Западна поради огромната оддалеченост, но засега тоа се уште нема конкретна реализација, па од следната сеозна СКА Кабаровск ќе игра против Спартак, Зенит и ЦСКА.

  

Се вчитува...