Руските спортисти остануваат под „неутрално“ знаме

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја продолжи казната за Руската атлетска федерација поради непочитување на допинг-правилата.

Казната за Русија беше изречена во ноември 2015 година и оттогаш руските атлетичари кои имаат дозвола да настапат на меѓународните натпреварувања, таму се појавуваат под „неутрално“ знаме. Тоа ќе продолжи и до крајот на годинава, беше одлучено на состанокот на ИААФ во Монако.

Овој потег на ИААФ се должи на тоа што од Руската федерација досега не одговориле на два основни услови. Првиот е признавање на резултатите од истрагата на надлежната комисија од Светската антидопинг агенција, под водство на Ричард Мекларен, за антидопинг прекршоците во Русија. Вториот услов што не е исполнет е тоа што националната антидопинг агенција во Русија (РУСАДА) се уште нема целосно обновена дејност.

Се вчитува...