Руското Гран-при во Ф1 веќе нема да се вози во Сочи, новата дестинација ќе биде Санкт Петербург

Големата награда на Русија во Формула 1 од 2023 година повеќе нема да се вози во олимпиското Сочи на црноморското крајбрежје, зашто Русија гради нова и атрактивна патека во близина на Санкт Петербург.

Русија и Ф1 постигнале договор за преместување на гранприто од Сочи на северот од најголемата држава на светот, а патеката ја дизајнираше легендарниот Херман Тилке, а според најавите оваа патека ќе има десет различни распореди на патеки на површина од 150 хектари.

„Задоволство ми е да потврдам после заеднички интензивни работи со нашите руски партнери и деталната проценка на Игор Драјв, дека Ф1 ќе се вози од 2023 година на таа нова патека. Јас сум импресиониран од Санкт Петербург, и верувам дека ГН на Русија во иднина ќе биде неверојатен настан“, рече првиот човек и извршен директор на Ф1, Стефано Доминкали.

Се вчитува...