Македонскиот боксер Ален Рустемовски се закити со бронзениот медал на боксерскиот турнир на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
По денешното добивање на медалите, Рустемовски истакна дека дошол по злато на Медитеранските игри, но на крај морал да се задоволи со бронзата, нагласувајќи дека сега за него приоритет се европските првенства.
„Дојдов по злато тука, но ете мора да се задоволиме со бронзата. Сега во септември ме очекува Европското сенорско првенство каде одам на медал, а главната цел ми се секако Олимписките игри во 2028 година во Лос Анѓелес каде ќе одиме по злато“ – изјави Рустемовски по добивањето на бронзата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
