Ален Рустемовски ќе мора да се задоволи само со бронза на боксерскиот турнир на Медитеранските игри по неправдата што му беше нанесена на македонскиот боксер во денешната полуфинална борба во која за противник го имаше Хернандез од Шпанија.
Нашиот боксер се бореше одлично, на периоди беше и подобар натпреварувач во рингот, па затоа шокантно делуваше одлуката судиите победата да му ја доделат на Кубанецот Хернандез кој неколку години настапува под шпанско знаме.
Кај Рустемовски и севкупно во македонскиот табор владее разочарување по овој судиски грабеж, а нашата делегација поднесе и жалба до официјалните инстанци.
Самиот пласман во полуфиналето и загарантираниот бронзен медал се успех сам по себе, но нашиот боксер има за што да жали, бидејќи заслужи да се бори и за злато во Таранто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
