Македонскиот боксер Ален Рустемовски со победа го стартуваше својот настап на Медитеранските игри кои што се одржуваат во Таранто, Италија.
Нашиот боксер издвојува сигурна победа против претставникот на Босна и Херцеговина, Михајло Декиќ.
Рустемовски беше многу подобар во текот на целата борба, па главниот судија мораше да ја прекине борбата и да го прогласи македонскиот боксер за победник. Рустемовски во вторник од 16 часот во четвртфиналето ќе се бори против Албанецот, Зенели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
