Рустемовски со злато од силниот меѓународен турнир во Сараево

Еден од најдобрите македонски боксери Ален Рустемовски забележа уште еден одличен успех со триумфот на меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево на кој учествуваа повеќе од 120 боксери од 21 држава од светот.

Рустемовски го освои златото во категоријата до 60 килограми, а притоа ја доби и наградата за најдобар техничар на турнирот.

Рустемовски во полуфиналето го победи Мутез Бечагра од Алжир со 5-0, по што во финалето славеше со супериорни 5-0 славеше против Јапонецот Шудаи Харада, кој е петтопласиран на светската ранг-листа и освојувач на петто место од последните олимписки игри.

Се вчитува...