Рутенка: Не мислете дека нашиот претседател е луд

Најдобриот белоруски ракометар на сите времиња, Сергеј Рутенка вели дека претседателот на оваа земја Александар Лукашенко не е луд бидејќи животот во земјата и покрај пандемијата од коронавирусот тече нормално.

„Во потполност и верувам на владата на Белорусија бидејќи знам дека ги презема потребните мерки. Мојата мајка е докторка и ми ги објасни сите мерки и протоколи по кои треба да се држам доколку се заразам. Бев во Бергамо на 20. февруари. Кога се вратив во Белорусија веднаш се пријавив и ми беше направен тест кој беше негативен. Не би рекол дека нашиот претседател е луд. Игра хокеј за на сите да им покаже дека се е нормално“, изјави Рутенка. 

Тој во моментов се наоѓа во својата куќа во Белорусија, единствена земја во Европа во која во моментов се игра фудбалско првенство.

Се вчитува...