Ружди Рустемовски поразен на стартот на турнирот во Таранто

Вториот македонски претставник во бокс, Ружди Рустомевски во 1. коло го заврши својот настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Во категоријата до 65 килограми македонскиот боксер во премиерната борба по прекин на судијата загуби од српскиот боксер Дмитриј Артјомович Горбенко.

Неговиот брат Ален Рустемовски вчера ја помина својата прва борба.

Се вчитува...