Сабаленка до трофејот во Австралија без загубен сет!

Арјина Сабаленка е победничка на првиот женски грен-слем турнир годинава во Австралија. Сабаленка со 2-0 ја совлада кинеската тенисерка Кинвен Женг, и со тоа го освои пехарот без загубен сет, односно ги доби сите 14 сета.

Како и до финалето, така и во него, руската тенисерка немаше потешкотии, и со 6-3 и 6-3 го доби мечот, и така го подигна трофејот, нејзин втор на Австралија Опен во кариерата.

Сабаленка нема победа на другите грен-слем турнири, има само едно финале на УС Опен во 2019 година.

Се вчитува...