Сабаленка фуриозно до осминафинале, Мугуруса и Мертенс елиминирани

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако славеше на Марија Осорио-Морено со 2-0 (6-3, 6-0) во меч кој траеше само 73. минути. Сабаленка во следната фаза ќе се сретне со Елена Рибакина која со 2-0 (6-1 и 6-4) славеше над Американката Шелби Роџерс.

Онс Забур и шпанската тенисерка Габрина Мугуруса одиграа натпревар од два часа и 27 минути по кои Тунижанката славеше со 2-1 (5-7, 6-3 и 6-2) и закажа осминафинален меч против Ига Швојнтек која славеше против Ирина Бегу со 6-1 и 6-0.

Људмила Самсонова во осминафиналето ќе се сретне со Карлона Плишкова откако беше подобра од Слаун Стивенс со 2-1 (6-2, 6-7 и 6-4). Додека Швајцарката Викторија Голубиќ до осминафиналето стигна со победа над Медисон Брегл со 6-2 и 6-1. Нејзината противничка во следната рунда ќе биде Медисон Киз.

Се вчитува...