Најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка обезбеди пласман во осминафиналето на Ролан Гарос, откако за само еден час и 17 минути игра ја совлада Дариа Касаткина со 2-0 во сетови.
Белорусинката одигра фуриозен прв сет кој го доби со максимални 6-0, доминирајќи во секој сегмент од играта. Во вториот сет Касаткина пружи далеку поголем отпор, но Сабаленка го задржа фокусот во клучните моменти, славеше со 7-5 и ја запечати победата.
Следен предизвик за Сабаленка во борбата за четвртфинале ќе биде Наоми Осака, која беше подобра од Американката со српски корени Ива Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
