Сабаленка ги скрши британските срца на Вимблдон

Арина Сабаленка се пласираше во осминафиналето од Вимблдон откако во вечерашниот последен меч на програмата славеше над Ема Радукану со 2-0 во сетови. Радукану е главна надеж на домаќинот на овој гранслем турнир, но Сабаленка ги скрши британските срца, продолжувајќи го походот кон свое прво финале во Лондон.

Првиот сет донесе израмнета битка во која Белорусинката имаше повеќе можности да поведе, но ги пропушти првите седум сет-топки што ги имаше. На крајот се играше тајбрејк, во која Сабаленка најпрвин спаси сет-топка на противничката, а потоа со серија одлични поени и поведе со 1-0.

Радукану има за што да жали откако поведе со 1-4 во вториот сет, се чинеше дека таа е блиску до израмнување – но следеше извонреден одговор од најдобрата светска тенисерка – Сабаленка ги доби следните пет гејма и заслужено стигна до билет за осминафиналето.

Таму првата носителка ќе се сретне со Мертенс од Белгија, која денеска беше подобра од 14. носителка Свитолина, триумфирајќи со 6-1, 7-6.

Се вчитува...