Сабаленка ја доби битката со Осака

Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако успеа да излезе како победничка од мега-пресметката со Наоми Осака, и тоа со максимални 2-0 во сетови.

Осака изненади на стартот со рано водство од 0-2, но Сабаленка возврати со брејк, набрззина израмни на 2-2, а потоа беше посмирена во клучните моменти, добивајќи го првиот сет со 7-5.

Полна со самодоверба, првата носителка потоа издоминира во вториот сет, направи брејк во вистински момент и заслужено славеше со конечни 6-3.

Нејзина противничка во четвртфиналето ќе биде Дијана Шнаидер од Русија, која во својата осминафинална пресметка славеше над Медисон Кис од САД со 6-3, 3-6, 6-0.

Се вчитува...