Сабаленка како брз воз до осминафинале, елиминација на Медведев на Вимблдон

Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка се пласираше во ново осминафинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вибмлдон. Таа на „Централниот терен“ вечерва славеше над Летонката, Јелена Остапенко со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Во осминафиналето Белорусинката за противничка ќе ја има јапонската тенисерка, Наоми Осака која денеска беше подобра од Дариа Касаткина со максимални 2-0.

На машкиот дел од турнирот Данил Медведев доживеа нов дебакл на гранд-слем турнирите. Тој го заврши својот настап во 3. коло во „Ол ингланд“ клубот откако беше поразен од Германецот, Јан-Ленард Штруф со максимални 3-0, по сетови 7-6, 7-6 и 7-5.

Се вчитува...