Сабаленка: Одеше по мене и ми викаше дека јас сум таа која фрла бомби на Украина, бегав и плачев како бебе…

Белорусинката Арина Сабаленка е една од оние спортистки кои најмногу „страдаат“ на терените поради војната во Украина.

Поради својата националност е често изложена на презис, најпрвин од украинските тенисерки кои одбиваат да се поздрават со неа.

Во разговор за „Л’Екип“, Сабаленка откри дека ги има и оние кои одат и чекор понатаму, иако повеќе пати и самата има нагласено дека не го поддржува Александар Лукашенко во војната во Украина.

„Еден ден тренер на една украинска тенисерка ми пријде и ми рече дека му е мило што сум загубила. Влегов во канцеларијата на ВТА и плачев како бебе, не можев да зборувам. Ме следеше и ми дофрлуваше дека јас фрлам бомби… Не ја поддржувам војната. Што очекувате од нас? Постојано да одиме и да викаме ‘не за војната’“ – вели Сабаленка.

Моментално втората светска тенисерка е најдоброрангирана во двете конкуренции (АТП и ВТА) од земјите кои се вмешани во конфликтот, па можеби и затоа е најчесто фокусот кон неа.

Се вчитува...