Сабаленка по поразот: Сега ми доаѓа да се откажам од тенис

Арина Сабаленка не го криеше разочарувањето откако претрпе пораз од 1-2 во четвртфиналето од Ролан Гарос во кое за противничка ја имаше Дијана Шнајдер од Русија.

Првата носителка почна импресивно, имаше 1-0 во сетови и 4-1 во вториот сет, потоа Сабаленка имаше и сервис при 5-4, по што дојде до огромен пад, противничката го искористи тоа за да освои неверојатни десет гејма во низа и да ја шокира големата фаворитка.

„Не знам што да мислам, шшто да чувствувам. Ми доаѓа да се повлечам од тенис во моментов. Се надевам дека за неколку дена ќе се вратам“, разочарано го почна Сабаленка своето излагање на прес-конференцијата по поразот.

Главното прашање беше… што се случи?

„Имав пристојни шанси да завршам во вториот сет, самата сум виновна. А тогаш таа додаде гас, заигра поагресивно. Јас не можев ментално да се опоравам од вториот сет, тоа ми е најголемата грешка… не се сеќавам кога последен пат ми се случило да загубам десет гејма во низа, влегов во некоја црпа дупка и не успеав да го најдам излезот од неа“, прокоментира најдобрата светска тенисерка.

Се вчитува...