Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка даде опширно интервју за „Вог“ во кое зборуваше за тоа како се чувствува кога Украинките не сакаат да и подадат рака по натпреварите.
Некои од нив ја обвинуваат дека го поддржува режимот на Александар Лукашенко, други дека не ја користи својата позиција како број 1 за да го крене гласот против оваа војна. Белорусија не е директен учесник, но дозволи Русија да влезе на украинска територија од нејзина територија.
„Го почитувам нивниот став да не се ракуваат. Знам дека не е лично, туку дека испраќаат порака. Но, тешко е да се издржи, толку многу омраза од некои луѓе на турнејата. Еден тренер ме нападна и рече дека јас сум таа што ги фрла бомбите кон Украина. Очигледно е дека сакам мир за сите. Не ја сакам оваа војна. Треба да седнат на маса и да се договорат. Но, исто така мислам дека спортот е платформа и место каде што сите треба да бидат заедно, а не да се борат едни против други. Бидете заедно, покажете мир“, изјави Сабаленка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
