Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка стигна до ново полуфинале на првиот гранд-слем турнир во сезоната.
Белорусинката во интересен натпревар во четвртфиналето славеше над руската тенисерка Анастасија Павличенкова со 2-1, по сетови 6-2, 2-6 и 6-3.
Во полуфиналето Сабаленка за противник ќе ја има Паула Бадоса од Шпанија која направи големо изненадување совладувајќи ја Кори Гоф од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА