Сабалјенка без проблеми до полуфинале на Ролан Гарос

Белоруската тенисерка Арина Сабалјенка е втората која се пласираше во полуфиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Таа во четвртфиналето на францускиот гранд-слем ја совлада Украинката Елина Свитолина со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Во полуфиналето Сабалјенка ќе игра против Каролина Мухова од Чешка која во првото четвртфинале беше подобра од Русинката, Анастасија Павличенкова.

 

Се вчитува...