Сабалјенка – Линет втора полуфинална двојка на Австралија опен

Арина Сабалјенка и Марга Линет ја сочинуваат втората полуфинална двојка во женскиот дел од турнирот на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.

Третата носителка на турнирот во четвртфиналето без поголеми проблеми славеше над Хрватката, Дона Векиќ со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-5. Линет направи ново големо изненадување откако исто така со максимални 2-0 (6-3 и 7-5) беше подобра од Чехинката, Каролина Плишкова.

Второто полуфинале ја сочинува двојката Елена Рибакина – Викторија Азаренка.

Се вчитува...