Сабалјенка последна четвртфиналистка во Пекинг

Најдобрата тенисерка во светот Арина Сабалјенка се пласираше во четвртфиналет на ВТА 1000 турнирот кој се игра во кинески Пекинг.

Во последниот осминафинален меч Белорусинката со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 7-6 славеше над Италијанката Јасмин Паолини.

Во четвртфиналето Сабалјенка за противник ќе ја има Казахстанката Елена Рибакина.

Се вчитува...