Сабалјенка преку Стивенс до четвртфинале на Ролан Гарос

Арина Сабалјенка се пласираше во четвртфиналето на женскиот турнир на Ролан Гарос, откако во последниот денешен меч со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4 славеше над Американката, Слоун Стивенс.

Сабалјенка одлично го отвори натпреварот и поведе со 5-0, сепак Американката врза исто толку гејмови во низа и успеа целосно да се врати во првиот сет и да го одведе во тај-брејк. Таму сепак, Белорусинката беше подобра и славеше со 7-5.

Во вториот сет на резултат 5-4 успеа да направи брејк и да стигне до четвртфинале во Париз. Таму за противничка ќе ја има Украинката, Елина Свитолина која по бременоста прави кам-бек на ВТА турнејата.

Се вчитува...