Сабате го објави списокот на ракометари за баражот против Македонија

Селекторот на Чешка, Хавиер Сабате го објави списокот на ракометари за бараж двомечот против Македонија за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.

Шпанскиот тренер одбра 21 ракометар, а за мечот со Македонија ќе може да одбере 16 ракометари. Нема големи изненадувања во тимот на Чесите во кој нема никакви изненадувања. Во ростерот ќе бидат голманот Мрква, крилата Чип и Хрстка, пикерот Петровски, бековите Бабак и Кашпарек, кои одиграле во минатото многу натпревари против Македонија.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Чешка ќе се игра на 13. април во Злин, додека реваншот е закажан за 17. април во Скопје.

Се вчитува...