Сабуртало или Валета би биле идеална ждрепка за Шкендија во ЛШ

Во очекување на ждрепката за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, закажана за 18. јуни, Шкендија, како што е познато, ја носи фаворитската улога со отворена можност за што подолг европски пат ова лето.

За македонскиот шампион, ако се погледне листата на можните противници, дефинитивно на стартот од европските натпреварувања посакувани противници се Сабуртало од Грузија, малтешка Валета, или победникот од прелиминарната фаза од квалификациите. Но, без сомнение, на листата се и можни противници кои може да значат повеќе од тешка задача за Шкендија на почетокот од Лигата на шампионите, екипи како унгарски Ференцварош, романски Клуж, но и Сараево од БиХ…

По ждрепката закажана за 18. јуни, првите натпревари од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите се играат на 9/10. јули, а реваншите се на 16/17. јули.

Се вчитува...