Садио Мане – африкански фудбалер на годината

Садио Мане по тимските трофеи со Ливерпул се закити и со големото индивидуално признание, откако Сенегалецот вечерва беше избран за најдобар африкански фудбалер за 2019 година. Во трката за големата награда тој доби повеќе гласови од ланскиот лауреат Мохамед Салах, како и од Ријад Марез, кој со Алжир стана африкански првак минатата година.

Мане имаше зад себе феноменална година, постигна 32 погодоци на 53 одиграни средби и беше меѓу најзаслужните што Ливерпул стигна до титулата во ЛШ, но и што извонредно ја стартуваше новата сезона.

Репрезентацијата на Алжир беше избрана за најдобра машка екипа, додека Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд го доби признанието за најдобар млад фудбалер.

Во „идеалните единаесетмина“ африкански фудбалери за 2019 година се најдоа: Онана (Ајакс), Орие (Тотенхем), Матип (Ливерпул), Кулибали (Наполи), Ашраф (Борусија Д.), Геје (ПСЖ), Зијеш (Ајакс), Марез (Ман. Сити), Мане (Ливерпул), Салах (Ливерпул) и Обамејанг (Арсенал).

Се вчитува...