Садио Мане му испрати извинување на Едерсон

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, со невнимателен и многу опасен старт го повреди голманот на Манчестер сити, Едерсон, во дерби – дуелот од Премиер – лигата, а бразилскиот чувар на мрежата заврши во болница. Ќе му треба време да се опорави од непријатниот удар со копачка в лице. Сепак, тој испрати порака на извинување, со надеж дека брзо ќе се опорави и ќе се врати меѓу диреците.

„Му посакувам на Едерсон брз и успешен опоравок. Многу ми е жал што тој се повреди по жестокиот дуел на теренот и не го заврши мечот. Се надевам дека ќе се врати многу брзо затоа што е голман од врвна класа“, истакна Садио Мане.

 sadio mane post

Се вчитува...