Садио Мане пристигна во Минхен, утре и официјална презентација во дресот на Баерн (ВИДЕО)

Садио Мане веќе пристигна во Минхен и го чека официјална промоција во дресот на „баварците“ веќе утре. Сега веќе новиот напаѓач на Баерн го одработи првиот дел од лекарските прегледи.

На заминувањето од клиниката напаѓачот веќе беше во дресот на баварскиот клуб, потпишувајќи автограми и фотографирајќи се со навивачите.

Вториот дел од тестовите ќе се одржат во медицинскиот центар на клубот, а презентацијата е планирана за утре.

Шампионот на Бундес – лигата на „црвените“ ќе им плати 32 милиони евра, а останатите 9 милиони евра се вклучени во договорот како бонуси.

Се вчитува...