Сафет Сушиќ го носи Тричковски во турскиот суперлигаш Акхишар

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е цел на турскиот суперлига Акхишар, пренесуваат турските медиуми.

Според информациите од Турција, веќе активирани се преговори на двете страни во желбата македонскиот офанзивец од Кипар да се пресели во Турција.

Тричковски зад себе има одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака, по што го привлече вниманието на легендата на босанскиот фудбал, Сафет Сушиќ кој е тренер на Акхишар.

Акхишар ова лето за првпат ќе се натпреварува во Лигата на Европа откако минатата сезона изненадувачки го освои Купот на Турција.

Се вчитува...