„Сагата Бен Симонс би можела да трае четири години“

Целата приказна околу кошаркарот на Филаделфија 76, Бен Симонс никако да добие свој крај. Само што се врати и сите помислија дека односите се подобрени, Австралиецот на тренинг се појавил со мобилниот телефон во џеб и крајно незаинтересиран.

Генералниот менаџер на „76“, Дерил Мори истакна дека целата приказна околу Симонс би можела да трае и четири години.

„Можеби ќе мислите дека се шалам, но не е така. Ова би можело да трае четири години. Секој ден ќе го чекаме Бен да се врати или ќе го трејдаме за играч кој прави разлика. Ако тоа не се случи тој останува кај нас по секоја цена“, изјави Мори. 

Се вчитува...