Сагата конечно заврши – Џејдон Санчо е фудбалер на Манчестер Јунајтед

Конечно заврши сагата околу преминувањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед. Двата тима конечно успеаја да се договорат, а Санчо на „Олд Трафорд“ ќе премине за сума од 85 милиони фунти плус бонуси.

Младиот Англичанец во Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го носи дресот со број „7“, што значи дека во новата сезона искусниот Единсон Кавани ќе го промени бројот.

Санчо во Борусија Дортмунд беше од 2017 година каде премина од редовите на градскиот ривал на „црвените-ѓаволи“, Манчестер Сити. За „милионерите“ запиша 104 настапи на кои постигна 38 гола.

Се вчитува...