Сагата продолжува: Баерн ја зголеми понудата за Кејн

Раководството на Баерн Минхен е решено да го ангажира Хари Кејн по секоја цена. Германскиот првак не се откажал од услугите на Англичанецот, откако беа одбиени 100 милиони евра од страна на Тотенхем. Најновата понуда изнесува 110 милиони евра, плус бонуси. Ова веројатно ќе биде последна понуда.

Во Баерн сакаат овој трансфер да се реализира што побрзо. Се чини дека ќе стане јасно се пред натпреварот против Брентфорд на стартот од Премиерлигата. Затоа и „Баварците“ брзаат да го завршат трансферот.

Сепак, нема да биде изненадување ако првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви ја одбие и оваа понуда, и веројатно тоа ќе биде и „печат“ на останувањето на голгетерот во Лондон.

Се вчитува...