Сагосен го урна рекордот на Лазаров (видео)

Сандер Сагосен е новиот „крал на стрелците на европските шампионати“ откако норвешкиот репрезентативец на самиот почеток од денешното мало финале против Словенија го урна долгогодишниот рекорд на Кире Лазаров.

Македонскиот капитен беше стрелец на 61 погодок на ЕП 2012 во Србија, бројка што Сагосен успеа да ја израмни со „десетката“ во вчерашното полуфинале против Хрватска.

Норвешка доби пенал на почетокот од дуелот со Словенија, а Сагосен не ја пропушти можноста да ја затресе мрежата на противникот, за нов апсолутен рекорд на европските ракометни првенства.

Се вчитува...